Американски државјанин се повреди при слетување со параглајдер во Битолско

Од:

Американски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, во атарот на битолското село Породин.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен вчера во 15:52 часот во СВР Битола, дека при слетувањето со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б. (59) од САД се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

– Во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени, Ф.Б.(59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди. Ф.Б. со возило на Итна медицинска помош Битола е пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди – извести МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Пожарникар е повреден при гаснење пожар во Визбегово

Гостиварец e тешко повреден откако падна од четирицикл во шумски предел

Горан Наумовски

Автомобил излета од пат близу Прилеп, повредени се двајца малолетници

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Спасувачка акција во Крушево: Параглајдерист се закачил на 30 метра високо дрво, од ударот се повредил

Горан Наумовски

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Горан Наумовски