Во Битола отворен мал групен дом за деца без родители

Од:

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски заедно со градоначалникот Владимир Талески денеска во Битола го отворија првиот мал групен Дом за деца без родители во кој ќе бидат сместени осум деца над тригодишна возраст и со пречки во развојот.

dobivaj vesti na viber

Ристовски истакна дека првпат се отвора ваков мал групен дом и оти тој ќе функционира во рамките на општината и очекува и во други општини да се реазлизира ваков проект.

– Целта е да се обезбеди комплетна социјализација на децата, односно состојба преку која децата со лесна и умерена попреченост за кои ќе се грижат специјализирани кадри, ќе научат поправилно и поедноставно да функционираат во секојдневниот живот, како и корекција на дел од функциите кои кај датето затаиле, а треба да се корегираат. Овој проект е дел од стратегијата за деинституционализација која подразбира извлекување на што поголем број наши корисници од институциите и сместување во мали групни домови, рече министерот за труд и социјална политика.

Поддршка за реализација на овој проект од сферата на социјалната политика даде и општина Битола со која како што рече Талески се потврдува големата внимателност и грижа кон децата со пречки во развојот.

– Нашата општинска поддршка многупати се потврдила кон сите категории деца. Го поддржуваме овој проект, а ќе реализираме и други бидејќи планираме да изградиме четири нови детски градинки. Со взаемна институционална поддршка мислам дека успешно успеваме да им помогнеме на сите категории деца, посочи Талески.

Министерот Ристовски како шпекулации ги оцени информациите за наводно подигнување на старосната граница за пензионирање.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска