ВМРО-ДПМНЕ ги тужи пожарникарите додека тие го ризикуваат животот во гасење пожари, велат од СДСМ

Од:

Новиот директор на Клиничка болница Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Захариев удри по пожарникарите. Опомена пред тужба од страна на Клиничката болница во Штип му пристигнала на пожарникар за негово лекување откако за влакно не го изгубил животот во гаснење на пожарите по што морал да се лекува, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ ги казнува пожарникарите додека тие се единствени кои се борат со пожарите и го ризикуваат својот живот. Скандалозен и недозволив е ваков однос и вакво непочитување. И додека им фрчат казни од една страна, од друга страна ДПМНЕ им ги замрзна и платите на пожарникарите.

Дури пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не го прифатија амандманот на СДСМ со ребалансот да им се даде награда на пожарникарите за учеството во гасењето на пожарите. Ниту една награда не сакаат да им дадат на пожарникарите. Така е сега со новата власт на ВМРО-ДПМНЕ, нема пари за пожарникарите, нема пари за наставниците, професорите, нема пари за работниците. Баш им е гајле“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат