ВИДЕО: Загорец Тумбовски неинтересен за Зврлевски

Од:

Сведочењето на Загорец Тумбовски за исплатени пари во кеш на ВМРО-ДПМНЕ е со низок степен на основано сомнение. Вака Јавниот обвинител Марко Зврлевски го оквалификува обвинувањето на Тумбовски дека на парагон блок каса прими на Гордана Јанкуловска и исплатил 80.000 евра.

Зврлевски го погледнал лично материјалот кој го презентираа само одредени медиуми но во Јавното обвинителство не се разгледувал поради основаното сомнение кое било многу ниско.

За случајот „Македонска банка“ обвинителството веќе работело по кривичната пријава на СДСМ, која тврдеше дека Никола Груевски при продажбата земал 1,5 милиони евра во кеш.

„Согласно нашите законски одредби сите случаи ги анализираме во одредени фази и во случајот на Загорац Тумбовски имаме низок степен на основаност на сомнение, но од Јавното обвинителство ќе се побара за да се потврди наодот дека во некој предмети има одредени потврди за одземени предмети и ќе го провериме и тоа. Материјалите не сме ги погледнале јас лично ги имам слушнато разговорите, и ќе ги разгледаме и анализираме и понатаму и ќе преземеме согласно нискиот степен на основаност на сомнение ќе постапиме како што треба“, рече Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

„Пријавата за „Македонска банка“ е примена некаде во четвртокот минатата недела и е дадена на работа на Јавен обвинител согласно редовниот распоред. Кривичната пријава е земена во анализа и во редовна работа како и сите кривични пријави. Ќе бидат анализирани сите околности и за чекорите што ќе бидат понатаму превземени ќе бидете благовремено известени“, изјави Марко Зврлевски.

Новинарите прашаа и за случајот „Актор“. Зврлевски одговори дека сметките се одблокирани за да не се кочи работата на делница Демир Капија-Смоквица и случајот е во пред истажна постапка.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

Орце Костов

Светлана Жупаноска го помина комисискиот филтер за нов член на Советот јавните обвинители

Маричиќ: Добро е што се избрани нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

Жарко Настоски

Колевски: Никој не ми изврши влијание за изборот на јавни обвинители

Ана Ололовска

Почина Марко Зврлевски

Ландов

АСЈО: При селекцијата на кандидати за седмата генерација испочитувани се законските одредби

Ана Ололовска