Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

Од:

Предлогот Светлана Жупаноска, судски соработник од Основниот граѓански суд во Скопје, да биде нов член на Советот на јавни обвинители предизвика жестока расправа помеѓу пратениците од опозоцијата и власта.

Според законот, членови на советот се избираат од редот на јавните обвинители, универзитетски истакнати професори, поранешен судија и истакнат правник, што всушност, според пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, е замка преку која се протнуваат кандидати кои немаат никакви квалификации за такви важни функции.

– Извесната Светлана Жупаноска ќе биде во Советот на јавни обвинители. Оваа работела во СЈО и под нејзината биографија потпишана е затвореничката Катица Јанева. Замислете кој би конкурирал во вакво судство во кое никон не муверува, па никој, освен ваквите кои ќе вршат валкани работи. Сега оваа со потпис од Катица Јанева од СЈО се фали дека работела во СЈО. Најголемата грација и потпишала дека е истакнат правник.

Ова е пародија. Оваа госпоѓа да ги дисциплинира јавните обвинители и да кажува јавно мислење, а ден стаж нема во судството.
Не може сите вакви јавни обвинители вака да ги понижувате. Бегаат искусните како ѓавол од темјан, циркус Медрано на јавна сцена.

Грацијата Ленче Ристовска ви вели, нејзе ја носевте на маички: Советот е извор на тргување со влијание. Што направила Светлана? Апелирам да не се гласа затоа што комисијата не е завршена и нема извештај и затоа што госпоѓата нема квалификации – рече Ласовска од собраниската говорница.

Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд – Скопје и Кети Петкова, адвокат од Гевгелија ја добија поддршката од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата требаше да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови