Светлана Жупаноска го помина комисискиот филтер за нов член на Советот јавните обвинители

Од:

Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд – Скопје ја доби поддршката од членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Во рамки на денешната седница почна расправата и по втората кандидатка Кети Петкова, адвокат од Гевгелија за член на Советот на јавните обвинители.

Пред почнувањето на гласањето за Жупаноска, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во процедурална забелешка рече дека претседателката на Комисијата Марија Георгиевска ја крши процедурата, посочувајќи дека треба да дозволи да завршат дискусиите за сите пријавени кандидати, да им се даде еднаква можност и третман, а потоа на крај секој пратеник да гласа за одреден кандидат.

Во расправата за вториот кандидат, Мицевски рече дека Кети Петкова е кандидат кој што ред одреден временски период од истиот Совет на јавни обвинители е разрешена како обвинител и истава Кети Петкова треба да се јави како предлог за член во Советот на јавни обвинители.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов истакна дека оние кои што треба да ги прават тие реформи и да ги спроведуваат не се запознати со позитивните законски прописи и не знаат да ги спроведуваат.

-Очекувате овие кандидати кои што ќе ви влезат во Советот најавни обввинители да ги унапредуваат, разрешуваат, санкционираат или разрешуваат јавните обвинители во Република Македонија, рече Ефтимов.

Кандидати за членови на Советот на јавните обвинители, покрај Жупаноска и Петкова, е и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство. Од тројцата пријавени кандидати, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да изберат двајца за пополнување на испразнетите места во Советот, заради пензионирање на двајца негови членови.

За единствената точка од 24. седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, претседателката Марија Георгиевска информира дека до претседателот на Собранието како Комисија ќе достават нова предлог Одлука за објавување јавен оглас за именување на претседател и на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („ Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2022.

Би можело да ве интересира

Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

Орце Костов

Маричиќ: Добро е што се избрани нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

Жарко Настоски

Колевски: Никој не ми изврши влијание за изборот на јавни обвинители

Ана Ололовска

АСЈО: При селекцијата на кандидати за седмата генерација испочитувани се законските одредби

Ана Ололовска

Избрани членови на Советот на јавните обвинители

А1он

Обвинителите прифаќаат намалување на платите, но не сакаат минимална плата

А1он