Избрани членови на Советот на јавните обвинители

Од:

Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители денеска ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Република Северна Македонија, по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Републиката, со изборни места како за општата листа.

-За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија

Би можело да ве интересира

Ласовска: Кандидатка на СДСМ за член на Советот на обвинители со потпис од Катица Јанева мисли дека е истакнат правник, а нема ден стаж

Орце Костов

Светлана Жупаноска го помина комисискиот филтер за нов член на Советот јавните обвинители

Маричиќ: Добро е што се избрани нови јавни обвинители, Советот внимателно ги разгледувал апликациите

Жарко Настоски

Колевски: Никој не ми изврши влијание за изборот на јавни обвинители

Ана Ололовска

АСЈО: При селекцијата на кандидати за седмата генерација испочитувани се законските одредби

Ана Ололовска

Обвинителите прифаќаат намалување на платите, но не сакаат минимална плата

А1он