ВИДЕО: Стотици млади повторно на журка во струмички „Аватар“, клубот пререгистриран во кафуле

Од:

Пет дена со журки и бендови во живо, повторно работи струмичкиот клуб „Аватар“ кој во јули беше пломбиран поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус. Од снимките кои стигнаа во редакцијата на „А1он“ се гледа дека клубот е преполн. Гостите во „Аватар“, кои ни ги испратија снимките, велат дека се направени во петокот и синоќа. Речиси и нема гости кои седат и слушаат музика, иако протоколот за работа на кафулињата дозволува само седење.

„ ’Аватар’ беше затворен еден месец и во тој период се пререгистрирал. Сега работи како дискотека со кафуле. Дискотеките не е дозволено да работат, но кафулињата може да работат со почитување на протоколите. Нашите инспектори постојано го контролираат. Утврдија дека ги има сите потребни дозволи за работа. Последната контрола инспекторите ја направија во петокот. Останале цела вечер и додека биле таму, протоколите се почитувале. Сите биле седнати на маса и имало онолку гости колку што има столици. Си заминале петнаесет минути пред еден часот оти локалот сега работи до 1 часот по полноќ. Пред да си заминат забележале дека и гостите си заминуваат“, вели за „А1он“ директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.

Инспекторите синоќа не биле во контрола на „Аватар“ оти во петокот виделе дека се почитува протоколот за работа на кафулиња, но директорот Пауновски не ја исклучува можноста синоќа „Аватар“ синоќа да се вратил на старата пракса.

Протоколот не дозволува маси за стоење, а во локалот треба да има онолку гости колку што има столици

„Доколку утврдиме дека снимките се од синоќа, пак ќе го затвориме. Пак ќе добие кривична пријава и нема да може да работи еден месец“, вели директорот Пауновски.

„Аватар“ беше пломбиран во јули откако инспекторите на Државниот пазарен инспекторат при контрола утврдија дека клубот работи и покрај забраната за работа на ноќни клубови, а журки со по 1500 лица правеше и во деновите кога во Македонија беа регистрирани рекордни 240 случаи на новозаболени од Ковид – 19. Државниот пазарен инспекторат поднесе пријава против сопственикот на „Аватар“ оти работел со истечена лиценца како ноќен клуб, а полицијата, пак му поднесе кривична пријава за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија. И покрај пријавата тој продолжи со работа се додека клубот не беше запечатен од Пазарниот инспекторат. Инспекторите најавија дека ќе остане пломбиран се до донесување протоколи за работа на ноќни клубови, но и покрај тоа што такви протоколи се уште нема, клубот веќе неколку дена работи со полна пареа.

Од „Аватар“ по пломбирањето се правдаа дека работеле како кафе – бар на отворено, а не како ноќен клуб.

„Аватар“ на социјалните мрежи секојдневно најавува кој ќе ги забавува гостите и им се извинува на оние кои не успеале да влезат поради ограничениот број што го налагаат протоколите.

„Почитувани, по кратка пауза продолжуваме да креираме мигови исполнети со добра забава. Четврток, петок, сабота, понесете го вашето добро расположение и бидете дел од новата ера, која допрва доаѓа“, повикува „Аватар“ на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Тетово растури свадба со 110 гости

Нова финта за изигрување на мерките: Плаќаат ноќевање за да можат и по 21 часот да останат во хотелските ресторани

Маја Илиевска-Пачемска

Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести

Ана Ололовска

Сопственикот и уште петмина приведени во нерегистриран ресторан кој работел подоцна од дозволеното

Пандов за „А1он“: Некој јави дека политичар седи во кафеаната, ќе си ја платам казната

Маја Илиевска-Пачемска

Запечатена кафеаната во Стајковци која по работното време ги угости  Неделковски, Пандов и Панчевски

Маја Илиевска-Пачемска