ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Од:

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 13.03 до 19.03.2023 година изврши над 650 инспекциски надзори на целата територија на државата при што наплати и издаде повеќе од 175 прекршочни платни налози со вредност над 6 230 000 денари.

Според ДПИ, во горенаведениот период се извршени над 530 инспекциски надзори и контроли по одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки. Во некои економски субјекти се констатирани прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 1 750 000 денари.

-Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, Одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед и одлуките за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори во согласност со своите надлежности. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на законите по кои постапува пазарниот инспекторат, се наведува во соопштението.

ДПИ нагласува дека како институција ќе ги ангажира сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи.

-Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, нагласува ДПИ.

Би можело да ве интересира

ДПИ за една недела извршил над 600 надзори и издал 110 прекршочни налози

Ана Ололовска

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

Контрола на увозници на овошје и зеленчук на кванташки

Катерина Павлова-Николовска