(ВИДЕО) Стоилковски: Возачот на бентлито е Бурим Маслам осуден криминалец заштитен од Заев и од Спасовски

Од:

Како е можно луѓе со кривични пријави за тешки дела да лумпуваат среде Скопје и да минуваат со казни од по 45 евра. Вчерашното лумпување е исто предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, особено што е повторување на делото. Изворот на ова однесување е неказнивоста заради интересите на Заев и на Оливер Спасовски – обвини портпаротот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција поврзана со синоќешните случувања кога возило влета на плоштадот во Скопје. МВР го пронајде возачот на бентлито и му изрече казна од 45 евра.

„Возачот на бентлито е Бурим Маслан познат како Бурим Харачина, познат на полицијата, кој што бил осуден со затворска казна за тешки дела разбојништво и загрозување со предизвикување на општа опасност. Лежел затвор за обид за убиство. И од лани има две кривични пријави за разбојништво и за насилство. Лани и кај него е направен претрес дома при онаа т.н спектакуларна полициска акција во Грчец и Арачиново кога беше пронајдено нелегално оружје и дрога. Кај него било пронајдено најмалку едно парче недозволено оружје. Овој човек поминува неказнето за илегално оружје, обид за убиство и насилство и затоа дивее низ скопските улици“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопјанецот кој се крстеше пред Цар Самоил бил пијан, без возачка и сообраќајна дозвола

По најавата од Шилегов, Градот се иззема од кривичното гонење на возачот кој влета на плоштад

Кристијан Ландов

Возачот на „бентлито“ ќе се спаси од кривична-останува да плати само 45 евра

Шилегов: 45 евра е само првична казна за возачот на „Бентли“, ќе следува и поголема

Искра Манојлоска

Спасовски: Казната за возачот на Бентлито не е доволна

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Автомобил влета на плоштад, пешаците панично се тргаат настрана

Ландов