По најавата од Шилегов, Градот се иззема од кривичното гонење на возачот кој влета на плоштад

Од:

Град Скопје се иззема од кривичното гонење на возачот на „бетлито“ кој влета на скопскиот плоштад. Иако градоначалникот Петре Шилегов пред четири дена најави изготвување на кривична пријава која ќе ја процесираат заедно со МВР, Град Скопје сега се иззема од понатамошното кривично гонење. Тие тврдат дека направиле се што е во нивна надлежност, а за сите идни постапувања велат дека се одговорни Обвинителството и МВР.

„Град Скопје, преку својот инспекторат, за сите случаи делува исклучително во рамките на своите законски надлежности. Честопати, нашите инспектори можат да направат увид и доколку утврдат дека има прекршоци кои не се во наша надлежност, за истото ја алармираат соодветната институција. Конкретно за овој случај, првичниот прекршок беше во ингеренција на МВР, за која тие веднаш интервенираа и следуваше санкција, додека за некои дополнителни законски дејствија против прекршителот, ќе треба да се обратите во јавното обвинителство и МВР“, велат од Град Скопје.

Пред четири денови, а ден по прекршочното казнување на арачиновецот со „бентли“ кој треба да плати 45 евра, Шилегов кажа дека тој треба посериозно да биде казнет. По ова, посочи дека има елементи на кривично дело и ќе се покрене постапка.

„Има сериозни елементи за сторено кривично дело загрозување на безбедноста во сообраќајот. Мандатна изрекувате веднаш, а потоа ги поведувате останатите постапки кои што не се толку експресни. Скандалозно е тоа што се случува, сметам дека сторителот многу посериозно треба да биде казнет. Пак велам, тоа е иницирање на постапката со брза идентификација на сторителот, преку регистарската таблица и тоа беше прва акција од институциите. Во координација сме со МВР да започне и поинаков вид кривична одговорност, бидејќи да се вози кола на плоштад е недозволиво и треба најстрого казнето. Постојат елементи на кривично дело и така ќе се процесира постапката. Кривична пријава треба време за да се изготви и ќе го држиме Јавното обвинителство под око, за дали и како ќе постапи“, рече Шилегов пред четири дена.

Од МВР нема одговор дали поднеле кривична пријава, а од Обвинителството велат дека не добиле. Обвинителството дополнително појасни дека според Европскиот суд за човекови права, кога едно лице се казнува прекршочно, тоа не може да се гони и кривично.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он