Возачот на „бентлито“ ќе се спаси од кривична-останува да плати само 45 евра

Од:

Нема построга казна за возачот на „бетлито“ кој влета на скопскиот плоштад, иако градоначалникот Петре Шилегов најави дека случајот нема да заврши со глоба од 45 евра. Бидејќи арачиновецот беше прекршочно казнет, од Обвинителството за „А1он“ појаснуваат дека според пресудите на Европскиот суд за човекови права, тој не може да биде и кривично гонет. Според ова, најавата на Шилегов, за како што рече, поинаков вид на кривична одговорност, е невозможно да се реализира. Досега, до Обвинителството никој нема доставено ниту кривична пријава.

„Доколку биде поднесена таква пријава, јавното обвинителство ќе ја анализира и согласно обезбедените докази ќе процени дали во конкретниот настан е сторено кривично дело кое се гони по службена должност. Инаку, на учесникот во сообраќајот веќе му е изречена парична глоба од Министерството за внатрешни работи заради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, појаснуваме дека според пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои се извор на правото и за домашните јавни обвинителства и судови, доколку едно лице прекршочно одговара за еден настан истото не може да биде гонето и кривично“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Од Министерството за внатрешни работи три дена без одговор дали ќе се обидат да бараат кривична одговорност од возачот на „бентлито“, како што кажа градоначалникот Шилегов. Нема одговор ниту од Град Скопје дали преземаат активности за дополнително казнување на возачот.

За разлика од Шилегов, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не најави кривична одговорност, туку посочи дека казната од 45 евра не е доволна. Спасовски посочи дека треба да се размислува за измени во Законот со што казните за ваквите случаи би биле подрастични и би ги одвратиле сторителите.

Снимка од возило марка „бентли“ како влегува со голема брзина на плоштадот „Македонија“ беше објавено на социјалната мрежа „Тикток“, од профилот „Бурим Харачина“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес