ВИДЕО: Автомобил влета на плоштад, пешаците панично се тргаат настрана

Од:

Снимка од возило марка „Бентли“ како влегува со голема брзина на плоштадот „Македонија е објавено на социјалната мрежа „Тикток“. Снимката е направена изминатиов период, со оглед дека автомобилот за да стигне до плоштадот проаѓа под украсите поставени на плоштадот.

Возилото е со скопски регистарски таблици, а видеото беше објавено од профилот „Бурим Харачина“. Откако беше споделено на други социјални мрежи, тоа е повлечено.

Од снимката може да се види како додека возилото поминува, пешаците кои се наоѓаат на плоштадот панично се тргаат настрана кога го забележуваат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот е пријавен кај нив и работат на расчистување.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба