ВИДЕО: Скопјанецот кој се крстеше пред Цар Самоил бил пијан, без возачка и сообраќајна дозвола

Од:

Пет прекршоци евидентирала полицијата кај скопјанецот кој вчера со возило „опел астра“ влезе на скопскиот плоштад, го паркираше и се крстеше пред споменикот на Цар Самоил. Од МВР за „А1он“ велат дека лицето било под дејство на алкохол. Во автомобилот имало и сопатници, кои пак, појасниле дека 66-годишниот скопјанец имал здравствени проблеми.

„Преземени се мерки од страна на полициски службеници и утврдено е дека Б.С. е под дејство на алкохол и не носи документи, а сопатниците во возилото појасниле дека има здравствени проблеми. Б. С. е приведен во ПС Центар, а возилото му е задржано. Покрај тоа, изречени му се мерки за возење под дејство на алкохол, неносење возачка и сообраќајна дозвола, измината важност на возачка дозвола и движење спротивно на сообраќаен знак“, велат од МВР за „А1он“.

Настанот се случи доцна синоќа, а е втор по ред откако претходно лице од Арачиново со автомобил „бентли“ влета на скопскиот плоштад. Тој беше казнет со глоба од 45 евра. Според пресудите на Европскиот суд за човекови права, кои се извор на правото и за домашните јавни обвинителства и судови, доколку едно лице прекршочно одговара за еден настан истото не може да биде гонето и кривично. Тоа значи дека за овој случај, тој не може да биде повеќе гонет.

Би можело да ве интересира

Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје, кои беа обвинети по член 319

ДУИ бара оставка на Министерот за внатрешни работи

МВР: Уапсено е момче од Липково по собирот за денот на албанското знаме во Куманово, а оштетени се шест возила

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто