(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните. МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“. Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески. Преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик на „Супер возач“, изјави Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ.

– Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта. Скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат. Прашањето е дали однапред е договорена оваа милионска зделка? Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена?

Случајно? Не веруваме. Ова е пример за корупциски и тендерски шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски тендери по мерка на власта и ништо друго. Ова не е прв случај. Напротив. По скандалозниот тендер за униформите, ова е уште еден случај на сомнителен коруптивен тендер во МВР. Основани се сомневањата дека МВР спроведува корупција во живо, наместо да се бори против криминалот и корупцијата. Ова е моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски и лични бизнис интереси врз грбот на народот.

Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност. СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи. Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас. Институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности. Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници. Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ. Одговорност мора да има и ќе има, кажа Шукова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

МНР: Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици на СДСМ

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода