СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Од:

Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште, рече портпаролката на САСМ Богданка Кузеска.

– Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата? Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција И ги предадеме на ДКСК сите документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен? Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра? ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност. Време е ДКСК да покаже дека не е нем набљудувач на криминалот, туку бранител на јавниот интерес, вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он