(ВИДЕО) Советник шутираше куче во Македонски брод, наместо да каже зошто вели: „остај ме да спијам“

Од:

Возрасен маж, а за кој се тврди дека е Бране Јовановски, независен советник во Општина Македонски Брод, брутално шутира куче кое седи пред влез на врата од локал, по што го мести чергичето и заминува. Снимката направена во Македонски Брод и објавена на социјалните мрежи покажува уште едно изживување врз уличните животни. Објавувачите на снимката, добивале и пораки на своите профили на социјалните мрежи да ја повлечат снимката, со цел, како што им пишале, да не се прави драма бидејќи реакцијата била поради чергата каде лежело кучето.

dobivaj vesti na viber

Posted by Ivana Marash on Среда, 04 март 2020

„А1он“ стапи во контакт со Јовановски, кој велеше дека не знае за снимката, каде се гледа како тој малтретира куче. На прашањето, да каже дали има шутирано куче, тој вели „Море, што ме малтретираш човек, што е проблемот?“.

„Абе пијан човек, куче на улица како куче на улица. Што ме малтретираш ти човек? Ма што има па со тебе да се расправам јас. Ај остај ме да спијам, не сум арен, остај ме да спијам, ајде“, рече советникот Јовановски за „А1он“, не одговарајќи зошто го шутирал кучето.

Од Општината, пак, велат дека и градоначалникот на Македонски брод, Живко Силјаноски, е отсутен од градот, па одговори не можевме да добиеме ниту од него за тоа дали ќе го санкционира советникот.

На социјалните мрежи повторно бура од коментари. Сите бараат одговорност за ваквото однесување, како и санкционирање на советникот од страна на полицијата.
Според Кривичниот законот и членот 233, вакво дело се казува со затвор до една година.
„Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“, пишува во Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спасено куче кое било фрлено во скопска шахта, се заплеткало и ги изгризало каблите за струја

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кучето кое битолчанец го застрела со пушка остана живо

Искра Манојлоска

ВИДЕО: Битолчанец монструозно уби куче, тврди дека ја нападнало неговата сопруга

Искра Манојлоска

Во Ѓорче Петров отворен парк за миленици

Жарко Настоски

Домашните миленици ќе можат да се изнесат од 22 до 23 часот

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: „Лајка“ извлече четири кучиња заробени во напуштен автомобил

Искра Манојлоска