(ВИДЕО) Ременски: Нови реални политики и вистинска грижа за жените

Од:

„Го одбележуваме меѓународниот ден на жената. Одбележуваме 10 години од донесување на законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените во Република Македонија.

Во тој контекст на сите жени во Република Македонија им го честитам празникот и ги повикувам да ја продолжиме борбата за женските права, за подобра позиција на жената во општеството и за она што значи напредок и унапредување на целокупното општествено живеење.

Пред да почнам да зборувам за она што беше денешна тема, јас би ве замолила како медиуми денеска после оваа изјава да се вратите во салата и да продолжите да ја следите дискусијата на овие жени, организации коишто сите овие години наназад посветуваат сериозно внимание на женските права, на правата на жените. Посветени се на прашањата за човековите слободи и права и заедно со институтициите, со сите нас коишто креираме политики се борат да афимираат одредени права.

Мене ми е жал што на конференцијата имаше два медиуми, сега гледам има повеќе медиуми. Јас ве замолувам после денешнава изјава да се вратите барем да ги проследите клучните излагања на сите оние претставници на меѓународните организации, на невладините организации, на пратеничките во Република  Македонија за се она што имаат да го кажат барем на овој ден кога го одбележуваат празникот на жената.

Министерството за труд и социјална политика, секторот за еднакви можности, UNDP, поточно канцеларијата на UN Women во Република Македонија месеци наназад ја подготвуваа оваа конференција со цел  да го стават акцентот на политиките за жената. Меѓутоа да го одбележиме и донесувањето на законот за еднакви можности помеѓу мажите и жените којшто исто така обезбедува законска рамка и овозможува  почетна позиција за обезбедување на правата на жените“, рече Фросина Ремeнски, министерка за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска