ВИДЕО: Поддршка од Полска за ЕУ и НАТО

Од:

Република Северна Македонија и Република Полска одржуваат пријателски односи, со постојан политички дијалог, со растечка економска соработка и со обострана заложба за јакнење и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, констатирале на денешната средба претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Варшава.

Заеднички било заклучено дека нема отворени прашања меѓу двете држави, а од особена важност е развојот и интензивирањето на економската соработка за која постојат големи потенцијали од двете страни.

Претседателот Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот полски колега Дуда по средбата оценл дека имале искрен и содржаен разговор.

Потенцира дека Република Полска е наш важен, докажан партнер и поддржувач во исполнување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, цели за кои имаме јасен национален консензус и широка поддршка од граѓаните.

На средбата, Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, се заблагодарил за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на Полска и како што сите очекуваме, подвлекол, по завршување на ратификацијата во шпанскиот парламент, наскоро Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата.

Во фокусот на средбите со полските домаќини била и остварувањето и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија, во контекст на претстојните самити на Унијата во март во Брисел и во мај, во Загреб.

Разменивме мислења и информациии и за новата методологија за водење на пристапните преговори, како и за активностите што претходат на Европскиот совет во март.

Оваа седмица треба да биде објавен и предлогот за новата преговарачка методологија, а за нас е клучно, час поскоро државите членки на Унијата да се усогласат за оваа методологија и пролетва да добиеме позитивни вести за нашата европска интеграција за време на хрватското претседателство со Европската Унија.

Ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија за водење на преговорите, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните, истакнал на прес-конференцијата Пендаровски.

Шефот на државата Пендаровски порача дека продолжуваме да работиме на исполнување на нашите стратешки цели, како во добрососедската политика, така и на домашната реформска агенда.

За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски е придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски