Израел ја брани Европа од џихадистички бран, изјави претседателот на земјата, Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер Андреј Бабиш во претседателската резиденција во Ерусалим.
– Ова е порака до народите во Европа и до народот на Чешката Република. Ние во Израел ја браниме и штитиме Европа. Служиме како тампон-зона против џихадистичкиот бран што надоаѓа кон Европа, им рече Херцог на Бабиш и на делегацијата од чешки владини министри, како што пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel).
Бабиш ја истакна врската меѓу Израел и Чешката Република, која датира уште од 1948 година.
