Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека Европската унија нашла храброст да се договори за делегација за преговори во врска со Украина, поздравувајќи го консензусот за тоа кој ќе ја претставува Европа во разговорите со Украина, Русија и Соединетите Држави.

„ЕУ конечно најде храброст. Ова е огромен чекор напред“, рече Фицо по неформалниот самит на ЕУ во Даблин.

Тој повтори дека Словачка нема да учествува во понатамошно кредитирање на Украина, но останува подготвена да продолжи со обезбедување хуманитарна помош, пренесува агенцијата TASR.

Според него, европската делегација ќе се состои од двајца претставници од Европскиот совет, еден претставник од Европската комисија и претставници од пет земји: Обединетото Кралство, Германија, Полска, Италија и Франција.

– Сметам дека е исклучително важен развој на настаните тоа што Европската унија конечно најде храброст да формира делегација која ќе учествува во преговорите со Украина, Русија и Соединетите Држави, рече Фицо, додавајќи дека лидерите на ЕУ во Даблин воделе тешка дискусија за ова прашање, бидејќи постоел „недостаток на храброст да ѝ се додели мандат на оваа група“.

Сепак, тој напомена дека за конкретниот мандат што ќе им биде доделен на европските претставници ќе се разговара на состанокот на „Коалицијата на подготвените“ во Берлин, закажан за четврток, 19 ноември.

Во тој контекст, тој најави дека Словачка ќе присуствува на состанокот во својство на набљудувач. Фицо оцени дека ќе биде многу тешко да се постигне договор за време на преговорите за ставање крај на војната во Украина.

„Но, мораме да покажеме дека Европа е меѓу оние што го поддржуваат мирот, а не војната“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Европа договори преговарачки тим за Украина: Пет земји и институциите на ЕУ ќе разговараат со Русија и САД

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса