Речиси три часа колку што траеше денешната акција за собирање храна за сиромашни семејства во Скопје, едвај се собра еден пакет со продукти.
Граѓаните донираа пет-шест пакетчиња тестенини, една какао, кафе, две шишиња масло, една палента.
Според невладините организации кои се организатори на оваа кампања, која што се случува секоја година, одзивот денеска бил слаб.
Минатата година храната беше однесена на семејства кои што немаат услови за живот, а истото се планира и оваа година.
Акцијата се одвива во цела држава, а продложува и утре од 11-15 часот на пуктовите во Центар и кај Универзалната сала.