(ВИДЕО) Голејшка: Очекуваме масовност, на бездомниците им е потребна социјализација

Од:

Ана Голејшка од иницијативата „РетвитниОброк“, од каде секоја недела делат оброци рече дека твитерџиите ова го прават веќе 33-ти пат, како и дека очекуваат масовност бидејќи на овие луѓе храната им е најпотребна.

– Веќе осум месеци го правиме ова, очекуваме масовност и апел до сите оние кои имаат можност, време, било каква помош да пружат, во поглед на облека, храна и чисто да дојдат затоа што на овие луѓе им е потребна социјализација, насмевка и да се почувствуваат дека се дел од еден систем, рече Голејшка.

Според неа, досега немале помош од владин сектор, а се почнало од еден обичен твит со што сакале да укажат дека фотографираната храна не секогаш мора да биде за лајкови.

– Не сме имале до сега помош од владин сектор, се ова се организира самоиницијативно, почна од твитер со еден обичен твит со кој што сакавме да укажеме дека фотографираната храна не мора да е секогаш само за лајкови и слично, туку дека треба да не освести дека има гладни луѓе околу нас, наши сограѓани кои треба да имаат еден достоинствен оброк, вели Голејшка.

Таа додава дека досега имале помош од повеќе маркети и луѓе, како и дека заедно со „Вистински дела на љубезност“ секогаш успеваат да обезбедат околу осумдесетина оброци.

– Сме имале помош од доста институции, од маркети, од приватни луѓе, од продавници, од Тинекс, од манастир Зрзе, од Аспекти, повеќе видови на донации. Она што нас ни е цел во моментов е да им помогнеме на сите луѓе кои што немаат пристоен оброк во текот на неделата и со „Вистински дела на љубезност“ успеваме секоја сабота во 12:30 да обезбедиме осумдесетина оброци, додава Голејшка.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска