ВИДЕО: Дојде метлата да зачисти додека преговараа Заев и Ахмети „чистка“

Од:

Додека премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети разговараа за „метлата“ во извршната власт камерите имаа можност да „уловат“ еден од вработените задолжен за чистење на просторот пред владината зграда, кој со својата метла метеше.

Работникот професионално ја извршуваше својата работа, а кога ги забележа камерите ја крена рачката и отпоздрави.

Од Владата соопштија дека на денешната средба било договорено оти за чистката ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Граѓани поставија натпис на албански на таблата на мегапаркот во Бутел, објави ДУИ

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?