„Иницијативата „5 до 12“ е партнер на Mинистерството за труд и социјална политика, а беше партнер и претходно, кога ја креиравме програмата.
Јас сум во дневна комуникација со нив. Пред да дојдам во Штип, бев да ги посетам во кампот. Поразговарав и со лидерите и со сите други кои беа присутни таму. Она кое што го разговаравме и кое што го дадов како изјава пред токму еден месец е преточено во законски текст.
И тоа е фактичка состојба. Текстот е јавно објавен, доставен и до нив, тие се членови на работната група. Многу е важно да знаете дека ние секој ден работиме за унапредување на правата на лицата со попреченост. Во моментов се гради центар за поддршка на дечиња со Даунов синдром.
Во моментов, со законот предвидуваме персонална асистенција, што досега, во закон за социјална заштита никогаш не било предвидено. Ние не можеме утре да имаме персонални асистенти, ако немаме законски основ и ако ние навистина немаме стандарди и протоколи во однос на персонална асистенција.
Навистина сметаме дека и онаа мерка која што им ја нудиме во законот сега, а тоа е посебниот додаток да преминува во додаток за туѓа нега директно, без да поднесуваат барања, а исто така, за посебниот додаток, ja острануваме како бариера (обврската) секоjа година да мора да поднесуваат соодветна документација- сето тоа е олеснување за родителите.
Дополнително, со Mинистерството за здравство комуницираме за конзилијарното мислење за туѓа нега да се укине. Со тоа се штедат средства на секое семјство, но исто така шетањето од институција во институција. Сметам дека многу направивме во овој месец, и тие се партнери, секој ден сме во комуникација и навистина не гледам пречки тоа и понатаму да не остане така и да направиме најдобри промени во интерес на децата и лицата со попреченост“, изјави министерката за труд и сојцијална политика, Мила Царовска, во врска со барањата на иницијативата „5 до 12“.