ВИДЕО: Нападнати екипите на А1он и ТВ 21 на објектот спроти МНР

Од:

Турканици, навреди и закани беа упатени кон екипите на А1он и ТВ21 откако се обидоа да го снимат езерото од фекалии кое настана во градилиштето спроти новата зграда на Министерството за надворешни работи. Освен што физички ги нападна, тој без никакво образложение почна и вербално да ги напаѓа екипите.

Лице без да се легитимира ги избутка екипите, а потоа, откако екипите му објаснија дека не смее да ја крши камерата, тој дрско рече: „Ќе ја кршам бе, што“, а иако полицијата стоеше на само десетина метри од местото, одлучи да се повлече и да не интервенира.

Откако екипите појаснија дека не е обележано дали земјиштето е државно или приватно, тој кажа дека нема никаква обврска да го обележи местото, иако законот за градење го обврзува да го стори тоа. Лицето истакна дека тоа е приватно земјиште, иако тоа е државно дадено на фирма од Девствени острови која на тоа место треба да изгради зграда.

Откако се обиде да ја бутне камерата на ТВ 21, лицето го турна и снимателот на А1он, а потоа излезе и ги фотографираше двете екипи кои стоеја пред МНР, односно спроти земјиштето кое беше причина да се блокира целиот сообраќај.

Никој не може да се повикува на приватен имот, ако токму од тој имот вчера цел сообраќај беше блокиран во градот, ако се заканува уривање на новиот објект на ФДУ, ако се исфрла фекална канализација на кејот на Вардар и ако сето тоа ги погодува интересита на сите жители од градот.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ