(ВИДЕО) Богоев: Јужната обиколница е само технички нацртана во ДУП за Трнодол, Шилегов ќе ја избрише

Од:

Јужната обиколница, иако ја има во новиот план за Трнодол, нема да се гради. Град Скопје најави дека во новиот Генерален урбанистички план ќе ја избрише, но тоа што е предвидена во предложениот план за Трнодол градоначалникот Стефан Богоев вели дека е не е поради некоординираност со Градот туку поради обврската да го почитуваат важечкиот Генерален урбанистички план.

„Ако ДУП е закон во урбанизмот, ГУП е устав во урбанизмот така да ние мораме да ја преземеме како вцртана сообраќајница во деталниот урбанистички план. Во спротивно кога ќе стигне планот во Град Скопје, Градот би го вратил бидејќи нормално не е вметната јужната обиколница. Чисто за компарација, јужен булевар е предвиден спроти Веро 2 во Тафталиџе. Таму е предвиден уште можеби од Кензо Танге, значи многу одамна. Тој никогаш не се изградил, најверојатно никогаш и нема да се изгради, меѓутоа фигурира и мора да фигурира. Само поради техничка причина мора да ја ставиме јужната обиколница, иако градоначалникот Шилегов отворено кажа дека таа не планира да ја гради таму, планира да ја дислоцира од новиот ГУП кој што сега почнува да го работи“, вели градоначалникот Богоев за „А1он“.

Тој објасни дека не можеле да чекаат четири години за да се избрише јужната обиколница за да донесат план во кој ќе ја нема бидејќи имало луѓе кои не може да чекаат толку долго на планот. Градоначалникот уверува дека со предложениот план не се предвидени нови згради, а намалена е и катноста на објектите, како што барале жителите.

„ Катноста е намалена, барањето беше од приземје, два ката и потпокрив да биде приземје, кат и потпокрив. Тоа е направено, а втора работа е дека во претходниот план, односно оној план што е сега на сила има маркички кои што се вцратни под брдото. Едната е во 2010, а другите се во 2001 кога е донесен планот. Не предвидуваме градба каде што во моментов не е предвидена градба или е предвидено зеленило. Такво нешто не постои“, вели градоначалникот Богоев и нагласува дека веќе нацртаните објекти, иако не се изградени нема начин да ги избрише од планот.

Жителите на Трнодол најавија протести и тужби за Општината и за градоначалникот доколку планот не биде повлечен, а обидот за јавна презентација на планот вчера заврши со тепачка.

Би можело да ве интересира

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис, целта е забрзан економски раст

(ВИДЕО) Богоев при посетата на Костал: Ефективноста на Царината видлива преку зголемување на извозот на странските директни инвестиции

Богоев: Од денес камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија се мерат само еднаш

Горан Наумовски

Богоев домаќин на директорите на Царинските управи од Западен Балкан

Богоев: Компаниите ги чувствуваат бенефитите од политиките за забрзување на трговијата