(ВИДЕО) Апасиев со чевел им ставаше печат на амандманите: „Ова е по сите шверцерски стандарди на ДУИ“

Од:

После втората пауза дадена во Собрание поради инцидентите во кои пратениците на Левица, ревлтирани од неприфаќањето на амандманите за измени на Деловникот, кршеа монитори и фрлаа хартија, се јави процедурално Димитар Апасиев.

Бидејќи имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни, Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски.

– Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и зведени и а тие се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени.

Филибастер нема да видите, сакате да ви ги прочитам, уште колку време имам? Еве го Жан Моне процесот, одличен е, по сите шверцерски стандарди на ДУИ, а вие како слуга на ДУИ супер ја извршивте улогата потпретседателе Мисовски. Многу да не ви давам или да намалам, еве го уште еден, доста ви е засега – рече Апасиев од говорницата.

Амандманите не му беа прифатени на пратеникот Апасиев од страна на предлагачот на измените во Деловникот, Талат Џафери.

Апасиев со едноминутно молчење и оддаде почит на загубената парламентарна демократија.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица