Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Од:

Министерството за образование и наука повторно ги објави резултатите од конкурсот за прием во студентските домови без целосни ранг-листи со освоените бодови на кандидатите, обвинува Левица.

Од партијата велат дека без објавени бодови студентите и јавноста не можат да видат по кои критериуми е избран еден кандидат, а друг одбиен.

„ДПМНЕ повторно бара од студентите да ѝ веруваат на збор, наместо да им покаже како се распределуваат местата во студентските домови“, велат од Левица.

Од партијата се повикуваат на Правилникот за начинот на прием на студентите во државните студентски домови, според кој приемот се врши врз основа на утврдени критериуми и бодови, како и на наодите од Државниот завод за ревизија.

Според Левица, ДЗР во ревизијата за конкурсот за академската 2022/2023 година констатирал дека не му била доставена документација со која се потврдува дека Министерството извршило бодирање согласно критериумите.

Од партијата наведуваат дека апликациите биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без бодирање, при што ревизорите оцениле дека отсуството на бодовни ранг-листи создава можност за субјективно постапување и фаворизирање при распределбата на местата.

Левица бара МОН веднаш да ги објави целосните ранг-листи со освоените бодови на кандидатите, по студентски домови и категории, како и границата за прием и бројот на пријавени, примени и одбиени студенти.

Од партијата бараат и објаснување како студентите можат ефикасно да поднесат приговор доколку немаат увид во своето место на ранг-листата и бројот на освоени бодови.

„ДПМНЕ нема право да бара доверба таму каде што одбива да покаже бодови. Ако изборот е чист и законит, лесно ќе им биде веднаш да ја објават целата ранг-листа“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски