Левица: Кого прави будала Јаневска?

Од:

„Весна Јаневска повторно лаже и повторно сама себе се побива. Денеска прогласи дека за приемот во студентските домови се ширеле лажни вести и дека постапката била регуларна. Проблемот е што нејзината изјава не ја побиваат опозицијата, студентите или нечии толкувања, туку Правилникот што самата Јаневска го донела и потпишала пред два месеци“ велат од Левица.

Од партијата со став „Новиот Правилник за начинот на прием на студентите во државните студентски домови исто како и старите, во член 13 не остава простор за неумесни толкувања: „Списокот на студентите СО ДОБИЕНИТЕ БОДОВИ се објавува на интернет страницата на Министерството за образование и наука и на интернет страницата на домовите.“ Веднаш потоа, член 14 наложува определените лица во МОН да го изготват списокот на примени студенти и да го објават согласно член 13. На истиот документ стои и потписот на министерката Весна Јаневска“.

„А што објави Министерството? Само списоци на примени студенти по домови. Во јавно објавените листи се наведуваат лични и административни податоци за кандидатите, но нема колона со освоените бодови врз основа на кои е извршено рангирањето како што бара Правилникот. Затоа, го поедноставуваме прашањето кон Јаневска за да успее да нѐ сфати и да не бега при изјавите: Јаневска, каде се бодовите? Ова е особено сериозно и е далеку од небитна административна маана. Правилникот детално определува како се добиваат бодовите, зависно од категоријата, се пресметуваат успехот, семејно-материјалната положба и редовноста во студирањето, со точно утврдени формули и максимум од 100 бодови. Ако бодовите се основа за рангирање, а резултатите се објавуваат без нив, студентот нема како да провери зошто еден кандидат е примен, друг одбиен, каде е пресечена границата и дали критериумите се применети еднакво и согласно Законот за студентски стандард и Правилникот“ велат од Левица.

Според нив, „уште понесмасно е што Јаневска ваквите прашања да ги прогласува за „лажни вести“ и лаконски ги отфрла, кога Државниот завод за ревизија веќе предупреди токму на овој проблем во претходни постапки! За конкурсот 2022/2023 ревизорите не добиле поткрепувачка документација дека МОН извршило бодирање, односно утврдиле дека апликациите биле обработувани рачно и внесувани во Excel-табели без да се изврши бодување. Заклучокот на ДЗР е она на кое алудираме и ние, т.е. дека непостоењето на бодирање и такво објавување на ранг-листите овозможило субјективно постапување и фаворизирање на дел од студентите“.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Две нови категории стипендии за студенти, се размислува и за нови видови субвенционирање на студентскиот оброк