Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

Од:

„Во македонската политика, 2001 година не заврши со потпишувањето на Рамковниот договор. Дел од политичките актери од конфликтот продолжија како носители на институционалната власт, додека прашањето за судската разрешница на четирите Хашки случаи остана затворено по собраниското автентично толкување од 2011 година. Еден од тие случаи беше „Мавровски работници“. На 7 август 2001 година, петмина работници на градежната компанија „Маврово“ беа киднапирани од припадници на УЧК на патот Скопје-Тетово, одведени во импровизиран логор и брутално малтретирани. Според сведоштвата документирани од Human Rights Watch, работниците биле тепани, сечени со нож, сексуално понижувани и малтретирани со часови пред да бидат пуштени“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „другиот клучен предмет беше „Водство на УЧК“, во кој меѓу обвинетите се наоѓаше и Али Ахмети. Во 2011 година, токму кога ДПМНЕ и ДУИ беа владини коалициски партнери, Собранието го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија со кое беа опфатени и четирите Хашки случаи. Со тоа беше спречено нивното понатамошно судско процесирање, а предметот „Водство на УЧК“, во кој обвинет беше и Ахмети, беше отфрлен“.

„Значи, кога денес ДПМНЕ се обидува да ја користи ДУИ како симбол на сè што било погрешно во изминатите децении, вреди да се потсети дека токму ДПМНЕ беше дел од мнозинството што ја затвори судската разрешница на случајот во кој беше обвинет лидерот на ДУИ. Таткото на Орце Ѓорѓиевски, Веле Ѓорѓиевски, како пратеник на ДПМНЕ, беше меѓу оние кои во 2011 година го поддржаа автентичното толкување на Законот за амнестија со кое беа опфатени четирите Хашки случаи. Денес, истото презиме повторно е на функција – овојпат на чело на Град Скопје. Факт е дека во Македонија политичките елити не се заменуваат, туку се репродуцираат“ велат од Левица.

Партискиот став е „една генерација носи одлуки, следната генерација ги наследува функциите, а граѓаните повторно треба да слушаат дека конечно доаѓа „ново време“. Но ако зад новите лица стојат истите партии, истите договори и истите семејства и политички династии, тогаш не станува збор за промена на системот, туку за негово продолжување. Не може да очекуваме поинаква иднина со истите политички обрасци. А најмалку можеме да очекуваме расчистување со минатото од оние што своето наследство го носат со себе – од Собранието, преку владата, па сè до денешните градоначалнички функции. Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја“.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис