Твитер: Спиро е доказ дека постои паралелен универзум

Од:

Вчерашната изјава на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски дека младите во Македонија немаат доволно желба за работа и пребираат работни места наиде на потсмев и револт на социјалните мрежи.

sspiro

  • #Спиро работел 2 години во приватен сектор, па му се јавиле да оди на интервју за министер. И зашо покажал многу иницијатива го примиле.

tv1

  • Дали #Спиро лупел пиперки за ајвар лани во септември и ако не лупел, зошто не?
  • #Спиро е доказ дека постои паралелен универзум
  • Аплицирав на 10 работни позиции и на сите добив корпа. Сигурно #спиро ми ја тестира упорноста.
    • #Спиро : не ојте по улица клават работа.

 

    • Штета овие од ОХИС што не се млади иначе #Спиро одма ќе ги вработеше. Како се заканува
    • #Спиро? -Ај, прекини, да не ти лупнам едно решение за работа во џеб!

 

    • зошто го хејтате #Спиро? работа има ако мајка ти и татко ти се познати во професионалните кругови, па и вие одма немало работа.

tv6

twit 01

    • Убаво вика #Спиро. Кај сте да веете знамиња по митинзи? Да ви дадат партиски книшки, па како луѓе да ве вработат? Седете дома, мрзи едни!

tv3

  • За министерот на Твитер се огласи и пратеникот Антонио Милошоски кој напиша:

tv2

  • Спиро кажа што кажа но заборави дека има родители што не му дозволуваат на својот 32 годишен умен „син на Мајка“ да работи се и сешто!

На ова следуваа повторно коментари.

  • Така е! Имаме ние многу од тие „синчиња“ дома што ги подучуваат: зошто да работиш синко, стани политичар, боље од крадење има ли!

Вчера министерот изјави:

„Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места. Јас не велам дека секој треба да прифати да биде работно ангажиран на несоодветни работни места, но очекувам многу поголема активација кај младите за добивање што подобро и поквалитетно работно место“.

„Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил, иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавците“, изјави директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска