Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Од:

Неколку пропусти на Судскиот совет констатираше Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС системот во судовите, објави Министерството за правда.

Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС системот за распределба на предметите во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и Куманово при што ги констатираше следните состојби :

-Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС
– Недоволен број на судии во помалите судови со основна надлежност
-Недоволен број на информатичари во судовите
-Неконтинуирано архивирање на предмети и немање соодветен архивски простор, се чуваат во подруми
-Нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешни претседатели
-Тонското снимање главно не функционира

Ова се само дел од забелешките на Комисијата за извршениот надзор во првите шест месеци од годинава, а Министерството за правда и во наредниот период ќе ги објавува на својата веб страница сите записници од извршените надзор во судовите.

Надзорот во Судот во Куманово е извршен во мај и јуни, еден месец пред опожарувањето на подрумските простории во кои изгоре стара архива на судот.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава