Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, денеска, во изјава за медиумите, истакна дека Советот веќе извршил контрола на дел од предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов против кого е поведена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело.

– Судскиот совет во рамките на планот на својата работа ќе има проверки во Апелацискиот суд не само за конкретниот судија што го споменавте туку за работата на сите судии. Беше извршена контрола на некои од предметите во кои постапувал судијата што го споменавте, но во моментот немам податоци да ви изнесам во смисла дали е детектиран некој пропуст или не бидејќи комисијата сè уште ги разгледува предметите. Да, да. Конкретни предмети беа посочени во оваа претставка – рече Камбовски по конференцијата „Јакнење на ефикасноста и независноста на судството во Македонија“.

Тој информира дека Судскиот совет разгледува шест или седум предмети во кои постапувал судијата Ристов. Очекува неделава да е готов извештајот од комисијата, која ја врши проверката на овие предмети.

– Па не беа многу, шест или седум предмети. Претставката ја водевме како анонимна. Беше потпишана од група вработени, стручни соработници и советници на Апелацискиот суд Скопје, без потпис, без имиња, тоа, според законот, се води како анонимна. Меѓутоа, решивме да формираме група за да ги провериме овие предмети, а во меѓувреме ни стигна демант, исто од група на вработени, стручни соработници дека не ја поднеле тие таа претставка. Исто таа е без имиња и презимиња, но на оваа втората имаат ставено потпис. И двете ги цениме како анонимни. Неделава треба да се готови, бидејќи станува збор, како што ви кажав, за пет или шест предмети. Не се голем број предмети, рече тој.

Камбовски најави дека во најскоро време ќе се проверува целокупната работа на Апелацискиот суд Скопје.

Во однос на случајот со новинарката од Тетово Љиридона Вејсели која беше казнета со 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ од Основниот суд во Тетово, Камбовски нагласи дека станува збор за постапка која е се уште во тек и во моментот кога Судски совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа.

-Судскиот совет ја следи работата на сите судови во државата, ја следи вклучително и работата на конкретниот суд и на конкретниот судија. Таму станува збор за постапка која е се уште во тек. Значи, не е завршена постапка. Ние следиме и во оној момент кога Судскиот совет ќе процени дека треба да интервенира, ќе го направи тоа, рече Камбовски.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Обвинителството тврди: ДНК доказите клучни во обвинението против апелациониот судија Ристов за заѕиданите 350.000 евра

Горан Наумовски

Апелација Штип ја одби жалбата, Ѓоко Ристов останува во куќен притвор

Обвинение за судијата Ѓоко Ристов кај чии родители беа пронајдени 350 илјади евра

Катерина Ѓуровски

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието