Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов и го одобри предлогот за определување мерка куќен притвор, по барање на Основниот кривичен суд Скопје.

Членовите на Судскиот совет со 10 гласа „за“ одлучија судијата Ристов времено да се оддалечи од вршење на судиската функцијата до завршување на кривичната постапка.

Осомничениот апелациски судија се товари за кривичните дела противправно стекнување и прикривање имот (чл. 359-а ст. 3 во врска со ст. 1) и перење пари и други приноси од казниво дело (чл. 273 ст. 1) бидејќи во домот на неговите родителите во Неготино полицијата пронашла 350.000 евра за ѕидани во ѕид за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Претходно денеска, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на осомничениот судија Ристов да му биде определена мерка куќен притвор.

Освен оваа мерка, како што дополнија, предложено е и определување мерка на претпазливост – привремено одземање патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Би можело да ве интересира

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Случај „Ѓоко Ристов“: Обвинителството најави анализа на кредибилитет на сведокот Фехми Стафа, одбраната бара одговори за доказите

Осудениот адвокат Фехми Стафа вели дека не дал поткуп во ниту еден предмет на судијата Ѓоко Ристов

„Не мислев дека ќе одат толку далеку, не сакав децата да знаат дека имам толку пари“ – кажал таткото за парите најдени во ѕидот кај родителите на судијата Ристов

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет