Судиите од Кривичниот суд се сретнаа со експертската група на Прибе

Од:

Судиите на Кривичниот суд денеска одржаа средба со експертскиот тим предводен од Рајнхард Прибе. На средбата, како што соопштија од Судот, било истакнато дека извештајот на работната група и препораките од јуни 2015-та година се основа за реформите во судството.

Како што е наведено во соопштението, судиите ја истакнале потребата од нивно поактивно вклучување во процесот на изготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање на судството, условите за избор и напредување во кариерата, следењето на работата и оценувањето на судиите, разрешување на судии …

Воедно судиите посочиле дека ги поддржуваат процесите кои водат кон зајакнување на нивната независност и враќање на довербата на граѓаните во судството.

– Присутните на средбата се согласија дека само независно судство може да биде гарант на слободата и правата на граѓаните, се додава во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара повисоки казни за автобуската несреќа кај Ласкарци

Предраг Петровиќ

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Анита Петровска Рајковиќ

Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Измамникот кој еден стан продаваше на четворица во пандемијата ниту ги враќа парите на измамените ниту оди во затвор: Не лаже и нас и судот

Маја Илиевска-Пачемска