ВИДЕО: Измамникот кој еден стан продаваше на четворица во пандемијата ниту ги враќа парите на измамените ниту оди во затвор: Не лаже и нас и судот

Од:

Единаесетте семејства измамени од агентот за недвижности Зоран Божиноски кој во пандемијата еден стан продаваше на четворица, денес повторно излегоа разочарани од судот. Тој е осуден на казна затвор од две години, но условно, доколку им ги врати парите земени како капар за становите до 10 август. И овој рок помина, а измамените денес велат дека место судиите да ги известат дека тој ќе оди в затвор, тој успеал да „купи“ уште малку време.

„Судењето се одржа, а не добивме никаков одговор, ни рекоа дека ќе не известат, писмено. Обвинетиот Зоран Божиновски што ни должи пари носи само документи во судот, не лаже нас, судиите ги лаже. Ние бараме извршување на пресудата ако вистина има закон во нашата држава. Да се прекине условната казна и да оди в затвор“, вели измамена скопјанка.

Божиноски, како што велат измамените, побарал уште едно продолжување на рокот, до овој петок.

„Имаше барање за одлагање од негова страна, од обвинетиот, ние тоа не го прифаќаме затоа што веќе цели две години одиме по судови, по рочишта, а нема ефект. Нас лично не, но од судот побарал, неговиот адвокат рече до петок да му дадеме рок, сега овој петок, но две години му се доволни што ги поминавме по судења. Минатото судење беше дека неговата фирма, каде што работи ќе му даде позајмица, значи тој го лаже и судот. Најкасно до 10 август му беше, приложи и документи дека неговата фирма ќе му даде позајмица најкасно до 10 август, меѓутоа, еве сме 30 август, немаме ништо. Тој не нѐ лаже само нас, го лаже и судот тука“, се пожалија измамените.

По две и пол години велат дека изгубиле верба дека ќе им биде вратен капарот за станот што му го дале на Божиноски кој истиот стан го продал уште неколкупати.

„Не знаеме што ќе се случи, не веруваме веќе во ништо. За 38 илјади евра, што сега се 60.000, сите 11 семејства имале намера да купат станови по 950 евра за квадрат тогаш, сега се 1400 и тие се 60.000, а тој добива две години затвор. Ако за 60.000 се лежи две години затвор не знам што да кажам, во која држава живееме“, вели еден од измамените.

Измамата на агентот Божиноски е една од последните во низата измами во земјава со повеќекратна продажба на еден ист стан. Тој за време на корона-пандемијата продавал станови во Аеродром и во Кисела Вода и за еден ист стан зел капар од повеќемина граѓани, кои откако откриле во 2020 поднеле кривична пријава, а судењата почнаа минатата година. За време на судењата ветуваше дека ќе им ги врати парите и сам поставуваше рокови кои не ги почитуваше, но пред едно од десетината судења успеа да им врати на измамените по 1000 евра, па го намали вкупниот долг од околу 60.000 евра.

Божиноски и денес ги избегна новинарите и по судењето не излезе од главниот влез.

Судот не одговори на прашањата од „А1он“ зошто Божиноски не е в затвор поради тоа што не го испочитувал рокот до 10 август да им ги врати парите на измамените граѓани.

Би можело да ве интересира

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

Орце Костов

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Приведен скопјанец осомничен дека го возел Палевски до Бугарија, а потоа и во Турција

Александар Тодески

Таткото на Вања повторно дава исказ пред обвинител

Александар Тодески

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

Орце Костов

Во јули 280 одобренија за градење, за 33,6 отсто помалку во однос на истиот месец лани