ВИДЕО: Среде пандемија еден стан во Скопје го продал на четворица, на суд уште една урбана измама

Од:

Единаесетмина измамени граѓани од агентот за недвижности Зоран Божиноски, кој еден стан го продал на четворица, четврти пат разочарани го напуштија кривичниот суд. Место пресуда или отплата на уплатениот капар, во петокот, уште еднаш се одложи судењето. Измамените граѓани велат дека претходно измамникот не доаѓал, а на последното рочиште дошол, но не дошла судијката Александра Ристеска, а судот ги известил дека е болна.

Измамата на агентот Божиноски е една од последните во низата измами во земјава со повеќекратна продажба на еден ист стан. Тој за време на корона-пандемијата продавал станови во Аеродром и во Кисела Вода и за еден ист стан зел капар од повеќемина граѓани, кои откако откриле лани во мај и во декември поднеле кривична пријава, а годинава почнале судењата.

Иако ја признал вината и најавил дека ќе им ги врати парите земени како капар, судењата со месеци само се одложуваат, а Божиноски не им ги враќа парите.

„Судијката, во присуство на обвинителката, на рочиштето кое беше во септември кажа ‘бидејќи не е тука присутен, обвинетиот ќе биде донесен со придружба и сега ќе наредам притвор’, но, за жал, господинот цело време се шета по скопските улици грицкајќи сончоглед, изигрувајќи господин, а ние веќе втора година не можеме да излеземе на крај. Тој купува време, не само со оштетените, сега почна да купува време и со судот“, се жалат измамените граѓани.

На едно од судењата Божиноски ветил дека ќе го отплати долгот на измамените граѓани на две рати, но оттогаш поминале сите рокови. Како капар, од граѓаните зел сума од 2 до 8 илјади евра.

„Тој потврди дека е виновен, прифати во септември да даде 20 илјади, прва рата, на крајот на октомври да ја доплати другата рата до 60.000 евра“, велат оштетените граѓани.

На последното рочиште се појавил со купче пари во судот и им понудил да им врати по мал дел од капарот, што измамените не го прифатиле.

„Даде изјава во суд дека ќе ни ги врати парите со рок, влезе и во записник, еве четврто рочиште тој носи некоја сума. Сега донесе сума од 150.000 денари, а должи 60.000 евра. Судијката не е тука, јавната обвинителка не е тука, ние не сме известени дека нема да присуствуваат, судењето се одложува. Минатото судење се одложи, господинот Божиновски не беше тука, ние доаѓаме секое рочиште и некој нема. Господинот ниту е во притвор, ниту ништо. Си се шета како секој нормален граѓанин и можеби оштетува и други. Мора јавно да го видат луѓето, на лик да го знаат кој е за да не му плаќаат“, велат оштетените граѓани.

Во целата измама граѓаните велат дека успеале да си ги вратат само парите уплатени во Град Скопје за данок.

„Еден стан на четири души. Плативме и данок, парите едвај ни ги вратија од Градско собрание. Мојот стан е продаден на четири души. Сопственик на становите е Александар Димишков, но ние не го видовме сопственикот. Имавме работа со агентот, становите беа купени преку Пазар 3. Јас како оштетена пет пати имам влезено во станот, порачав мебел и сè “, велат измамените граѓани.

Агентот Зоран Божиноски на последното рочиште го напушти судот од службен излез и избегна да даде изјава. Не е достапен ниту на телефонскиот број што го имаат оштетените. Неговата агенција за недвижности е затворена.

Следното рочиште им е закажано за 7 декември.

„Заштитен е како поларна мечка. Ова судство треба да си преземе сè и да го затворат“, бараат измамените граѓани.

Дел од становите што ги продал во Расадник се веќе вселени. Станарите велат дека дел од нив становите ги купиле токму од истиот агент.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанка сакала со туѓа лична карта да подигне пари

Измамник со туѓа кредитна картичка потрошил 530.000 денари

Горан Наумовски

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Измамник од Тетово зел автомобил од познаник и го продал

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски