Иван Џолев доби втор мандат, одново избран за претседател на Кривичен суд

Од:

Иван Џолев одново избран за претседател на Кривичен суд. Тој беше единствен кандидат пријавен за оваа позиција. Ова му е втор мандат на Џолев, кој повеќе од шест месеци беше и вршител на должност. Судскиот совет го избра откако на оценувањето од Комисијата ги има освоено максималните бодови.

Џолев првпат за претседател беше избран во 2017 година. Според членовите на Судскиот совет, тој има знаење и стручност за оваа функција, а избран е едногласно.

Освен во Скопје, на денешната седница треба да се изберат претседатели на основните судови и во Ресен и Виница. Исто така, треба да се бираат и судии за гостиварска Апелација, како и кривичните судови во Скопје и Штип.

Би можело да ве интересира

Предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ ќе добијат интензитет, уверуваат од Кривичен суд

Сопственичката на „Диамед“ доби условна казна од две години затвор

Катерина Павлова-Николовска

Александар Гочев призна дека сторил измама со европски пари

Горан Наумовски

Судот не ја спори датата во наредбата која е погрешна, а во повратницата стоела точната

Кристијан Ландов

Продолжен домашниот притвор за насилникот кој нападна новинарска екипа на ТВ24

Ќе оди во затвор измамникот кој еден стан го продаваше на четворица во пандемијата, условната казна му е укината

Маја Илиевска-Пачемска