„Армиско оружје“ – Ослободителна пресуда по 16 години судење

Од:

Кривичниот суд во понеделникот ги ослободи од вина четворицата обвинети во случајот од 2006 година „Армиско оружје“. Информацијата за А1он ја потврдија од Кривичниот суд.

„По изведување и ценење на сите факти и докази на странките донесена е ослободителна пресуда против обвинетите“, велат од судот.
Делото за кое се гонат не е кривично дело, а во доказната постапка според информации на А1он, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не докажало пред судот дека има штета на буџетот на државата.

Обвинителството ги гонеше раководителот на Секторот за логистика во Министерството за одбрана, Нелко Менкиноски, полковникот Илија Шкордовски, командантот Виктор Раички и управителот на специјалната опрема, Глигор Стојанов дека со фиктивни документи армиско оружје го прикажувале како старо и со тоа го оштетиле буџетот.

Тие беа обвинети дека ја злоупотребиле службената положба и овластување.

Случајот се влечеше по судовите 16 години. Во декември 2006 за првпат осомничените беа уапсени. Двапати судот носеше осудителни пресуди во 2007 и 2011, па пресудите ги укинуваа повисоките судови. Тоа е еден од ретките предмети кои се суди според стариот Закон за кривичната постапка.

А1он имаше увид во писмо со кое самите обвинети бараат од Обвинителството да доаѓа обвинител на судење за да не се развлекува судскиот процес кој трае повеќе од една и пол декада.

Обвинетите во јавните настапи изјавуваа дека станува збор за политичко-партиска местенка од претходната власт. Во отчетот на ВМРО-ДПМНЕ овој случај се најде уште во 2011 година како пресуден случај.

Ослободителната пресуда на Кривичниот суд се пишува и ќе им биде доставена до странките. Обвинителството може да се жали на одлуката до Апелациониот суд.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Орце Костов

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Орце Костов

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото