Стефанова: Катица Јанева бараше Камчев да плати штета, а да не оди во затвор

Од:

Лиле Стефанова, обвинителката за предметот „Империја“, каде што меѓудругите се осомничени Орце Камчев и Цветан Панделески, веднаш по соопштението на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, излезе со свое обраќање до јавноста. Таа во него изнесува детали за тоа како Камчев и Панделески се обидувале да влијаат врз неа и како имала несогласувања со Јанева за заменувањето на мерката притвор со домашен за двајцата осомничени.

Таа вели дека не била согласна да му се врати пасошот на Панделески, и дека на еден состанок во април годинава Катица Јанева рекла дека треба да се изготви извештај осомничените (Камчев и Панделески) да ја платат штетата на државата, по што предметите „тука треба да бидат затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“.

„Во месец август 2018 година, осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделески се обидоа да извршат влијание врз предистрагата која во тој период беше насочена против нив и други лица,  користејќи го моето познанство со господинот  Ванчо Чифлиганец. За оваа ситуација јас на состанок  ја известив Катица Јанева и присутните обвинители, а исто така го известив и мојот тим на истражители. На средбата која се одржа во просториите на Специјалното јавно обвинителство, господинот Ванчо Чифлиганец се обиде да добие информации за постапката за „неговите пријатели“, Цветан Панделески и Јордан Камчев. На господинот Чифлиганец  јасно му ставив до знаење дека не доаѓа во предвид да разговараме било што во врска со предметот.  Целосно е невистинито искажувањето на  осомничениот Јордан Камчев во објавената снимка во која си дозволил да го употреби моето име.  Сметам дека целта на ова изнесување е да ме дискредитира како обвинител кој ја води постапката против него,  особено што го снимал разговорот со лицето Бојан Јовановски. Во понатамошниот тек на постапката, повеќе ниту едно лице од мене лично не побарало ништо во врска со овој предмет ниту пак ми било познато дека такви барања се насочени кон Катица Јанева“, пишува таа.

Во соопштението се вели и дека во втората половина на декември лани, таа изразува несогласување со одлуката на Јанева на осомничените во предметот „Империја“,  мерката притвор да им биде заменета со мерка куќен притвор.

„Сметав дека куќниот притвор не може да ги спречи осомничените лица да влијаат на истрагата што се покажа како точно, имајќи ги во предвид сега објавените снимки“.

Во месец март годинава, според соопштението, Стефанова не се согласила ниту со одлуката на Катица Јанева да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Цветан Панделески.

„Но и покрај моето спротиставување, таква согласност беше дадена. Одлуката да биде дадена согласност за издавање на времена патна исправа на осомничениот Јордан Камчев, Катица Јанева ја донела во време кога јас користев годишен одмор и за истата не ме извести. За оваа одлука дознав од обвинителката Елизабета Јосифоска, кај која било донесено на  потпис писмено изготвеното мислење“, пишува Стефанова.

Понатаму, таа вели дека на 16 април годинава, во канцеларијата на Катица Јанева бил одржан состанок на кој таа изнела одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“.

„Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 6 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „ да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он