СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Од:

Нападите врз предметите на СЈО и црната кампања преку мадиумите на Орбан во Македонија се дел од организирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и уривање на правниот поредок, стои во соопштението од СДСМ.

„Станува извесно дека блискиот сојузник на ВМРО, Виктор Орбан, може да се соочи со пораз на изборите во Унгарија. Оваа нова реалност ја гледа и самиот Груевски. Наместо да ја отслужува казната во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на осудениот криминалец во Белата палата.

Така изгледаат „реформите“ во ВМРО: нема повеќе потпретседатели, сите се тргнати лично од Мицкоски. Се расчистува патот за еден човек – за враќање на поранешниот лидер, додека Мицкоски е само чувар на фотелјата.

Клучниот чекор во ова сценарио е систематскиот напад врз Специјално јавно обвинителство и врз пресудите што произлегоа од неговата работа. Преку орбановата медиумска мрежа во Македонија, веќе се води црна кампања.

Целта е јасна: дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување. Станува збор за организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и бегалецот да се претстави како жртва. Истовремено, се носат решенија во правосудството спротивни на европските препораки, се презема целосна контрола врз судството и обвинителството. Сè со една цел – да се обезбеди безбеден терен за враќање на „газдата“. Ова е директен напад врз владеењето на правото, врз правдата и врз европската перспектива на државата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“