Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние.
На средбата, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, биле разменети позитивни искуства и отворени повеќе актуелни теми: бегалската криза со која се соочува Македонија и Европа и предизвиците во справувањето со неа, безбедносните ризици и хуманиот третман на бегалците и барателите на азил.
– Исто така, министерката Ташевска-Ременски и амбасадорот Тимоние разменија искуства за добрите практики поврзани со можностите за младите, образовните програми, програмите за мобилност… Се разговараше и за функционирањето на Министерството за труд и социјална политика и подготовките за претстојниот период, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.