А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средба на министерката Царовска со рудари од „Саса“

by А1он29/06/2017 - 13:5829/06/2017 - 13:58116
Share0

Проблемите на вработени од рудникот „Саса“ во Македонска Каменица ќе бидат разгледани од надлежните институции и од Владата, најавила министерката за труд и социјална политика на синоќешната средба со рудари од „Саса“

Добивај вести на вибер

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Царовска најавила дека во наредниот период редовно ќе контактира со претставници на рударите и оти ќе ги вклучи и останатите надлежни ресори со цел да се најдат соодветни решенија за бројните посочени проблеми.

Средбата иницирана од вработени во „Саса“ поминала во конструктивна атмосфера и биле споделени информации за сите проблеми со кои се соочуваат во нивната работна средина.

На средбата, иницирана од вработени во „Саса“, меѓу позначајните прашања на кои се осврнале рударите е начинот на пресметка на бенефицираниот стаж, за кој сметаат дека е на нивна штета. Тие, исто така, посочиле дека години наназад не им се исплаќа тринаесетта плата. – Рударите нагласија дека согласно договорот за концесија раководството на рудникот треба да вработи уште 200 лица за што постои реална потреба со оглед на обемот на нивната работа. Царовска се обврза дека овие проблеми ќе се разгледаат со сите надлежни институции, но и на ниво на Влада, се вели во соопштението.

На средбата станало збор и за прашањето за здравје и безбедност при работа. Рударите, соопштува ресорното Министерство, информираа дека не се утврдува степенот на загадување во рудникот, оти редовно се игнорираат стандардите за работа при што нивниот живот се става во опасност, како и дека се оневозможува вистински инспекциски надзор врз работата. Исто така, нотирани се повеќе случаи на рудари кои не можат да го остварат правото на инвалидска пензија, затоа што не можат да ја обезбедат потребната документација од работодавачот.

МТСП информира дека вработените во Саса потенцирале оти синдикалното организирање е оневозможено и диригирано од сопствениците. Министерката Царовска рекла дека максимално ќе работи во насока на заштита на работничките права и оти ќе создаде услови за синдикатите слободно да се регистрираат и функционираат, но посочила и оти самите рудари треба да се охрабрат околу синдикалното организирање и да покажат солидарност со обесправените колеги.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен