А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасов: Згрижувачко семејство е најблиската форма со биолошкото семејство

by А1он14/09/2014 - 13:4197
Share0

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети домот на Есма Реџепова која со своето хуманитарно здружение е дел од заедничкиот проект „На секое дете му е потребно семејство“.

Добивај вести на вибер

Министерот Спасов честитајќи и на Есма за успешната работа, потенцира дека таа е вистински пример за згрижувачко семејство.

– Есма Реџепова досега има згрижено 48 деца, што е показател за нејзината хуманост и добродетелност, истакна Спасов, заблагодарувајќи се на целиот тим на здружението на Есма за несебичното залагање во проектот на Министерството за труд и социјална политика.

Кампањата ја водиме, рече министерот Спасов, за да им се помогне на дечиња без родителска грижа,  да бидат згрижени во семејство затоа што, рече, згрижувачкото семејство е најблиската форма со биолошкото семејство и е најефикасниот начин да се доведе едно дете на здрав пат.

– Интересот за згрижување на дете се зголемува. Ние заедно со нашите институции им обезбедуваме соодветна обука и сертификација, но исто и паричен надоместок во зависност од категориите кој се движи од 6.500 денари до 8.000 денари месечно, појасни Спасов.

Проектот за сместување во згрижувачко семејство претставува форма на заштита која овозможува грижа за лице кое има потреба да биде во вашиот дом, заедно со вашето семејство.

Семејствата кои сакаат да бидат згрижувачи можат да се информираат на веб страната на Министерството за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk, на мејл адресата [email protected] и на бесплатниот телефонски број 15 505.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен