Спасов: Субвенции за 10.000 семејства за плаќање електрична енергија

Од:

До 10 илјади семејства приматели на социјална помош ќе бидат субвенционирани за плаќање на електрична енергија.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изјави дека за ова во програмата се планирани 81 милион денари.

– Во јуни 2015 година паричната помош за оваа намена ќе изнесува 700 денари, а од јули зголемувањето ќе биде 800 денари, изјави Спасов по пуштањето во употреба на детската градинка во Истибање.

Во делот на специјализација на кадри за работа со деца со аутизам и пречки во развојот, Спасов најави обуки за вработените и нов начин на категоризација на децата.

– Во соработка со УНИЦЕФ ќе се воведе нов начин на категоризација на децата со аутизам и пречки во развојот. Ќе се организира и нова обука за вработените лица во дневните центри за деца со аутизам и пречки во развојот во соработка со Универзитетот од Колумбија, со цел да се добие во квалитет во работата со овие деца, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска