Спасов најави нова кривична пријава за Ташевска Ременски

Од:

Заменик министерот за труд и социјална политика денеска најави кривична пријава против министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски за несовесно работење, односно за незаконско именување на вршител на должноста директор на Заводот за рехабилитација на деца и младинци, лице кое, како што рече, не ги исполнува условите согласно закон и согласно Статутот на овој Завод.

– Би сакал да ја повикам да престане да врши притисоци, реваншизам и закани врз вработените во Министерството и во институциите под Министерството. Да престане да ја бара вината кај сите освен кај самата неа. Таа веќе неколку месеци е министер во МТСП и редно време е да се зафати со реалните потреби на граѓаните и на институциите коишто се во надлежност на Министерството, рече Спасов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Доколку изминатите неколку месеци ги посветела на проектите кои што се реализираат преку Министерствотои и доколку секојдневно ги следела секторите и институциите и давала конкретни рокови за постапување, додаде Спасов, нема да има задоцнување.

– Немаше да има доцнење во јавните набавки во Министерството, доцнење на проектите, меѓутоа за жал тоа се случува. Има голем хаос во институциите и во Министерството, тоа граѓаните го познаваат и на 24 април ќе го дадат својот глас за стопирање на ова деструктивно работење од страна на функционерите на СДСМ, рече Спасов.

Информира дека во врска со случајот со разрешувањето на 15-те директори на институции под МТСП, се чека одлуката на Вишиот управен суд до кој министерката поднела жалба, откако Управниот суд издаде решение за времена мерка за стопирање на разрешувањето. По донесувањето на Одлуката од Вишиот управен суд, рече Спасов, ќе сеодлучи за натамошните конкретни дејствија.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска