А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасов: Иницирани дисциплински постапки за случајот со глувонемото дете

by А1он01/07/2014 - 12:05101
Share0

Министерството за труд и социјална политика поведе дисциплински постапки или иницијативи за дисциплински постапки за сите стручни лица кои на каков било начин биле вклучени во случајот со глувонемото дете кое беше сместено во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско. Ќе се ревидира и наодот за категоризација на степенот и вид на попреченост на детето.

Добивај вести на вибер

– Случајот темелно го испитуваше социјална инспекција во рамките на МТСП, која за сето она што се потврди како недостаток или несоодветно постапување на службите презеде соодветна иницијатива за покренување дисциплински постапки на сите стручни работници кои постапувале по овој предмет, односно и за вработените во Центарот за социјални работи во Битола поради несоодветно и ненавремено постапување, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Појасни дека по овој предмет, исто така, покрената е иницијатива за дисциплинска постапка против вработените кои несоодветно се грижеле за детето во Бања Банско, а оти дополнително и во рамките на МТСП покрената е дисциплинска постапка против службите и лицата кои работеле на овој предмет.

– Дополнително исто така по препораки на социјалната инспекција формирана е комисија за ревизија на наодот и мислењето кое што е издадено од повеќе лекари специјалисти кои ја извршиле категоризацијата на детето за вид и степен на попреченост со цел да провериме дали е таа направена согласно закон и согласно процедурите, онака како што треба, истакна министерот Спасов.

Информира дека дополнително по ревизијата на наодот и Министерството ќе преземе дополнителни активности во овој случај.

– Во секој случај овој предмет ќе го следиме со целосно внимание понатаму, детално се испитува постапката. Засега овие активности се преземени по овој предмет со цел да не се повторуваат вакви случаи во иднина. Социјалната инспекција ќе направи темелна контрола во сите институции при што згрижуваат деца со пречки во развојот за да се испита нивното постапување, нивната работа и однапред навремено да се корегираат одредени околности доколку има потреба, рече министерот за труд и социјална политика.

socijala

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски06/07/2022 - 12:0706/07/2022 - 12:46

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски24/11/2020 - 22:3225/11/2020 - 08:37

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска09/11/2020 - 16:5809/11/2020 - 17:08

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он08/05/2020 - 21:20

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска08/05/2020 - 14:2808/05/2020 - 15:02

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска03/02/2020 - 14:5703/02/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен