Триста граѓани со инвалидност, кои се невработени, ќе може да се пријават на огласот за вработување во државната и јавната администрација, најави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
На јубилејот – 50 години активно делување на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, тој истакна дека покрај лицата со оштетен вид, слух, говор, телесните инвалиди, на огласот може да аплицираат и лицата со интелектуална попреченост.
– Ја користам оваа прилика да им ја изразам мојата длабока благодарност за сите добри нешта кои што Републичкиот центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ ги има направено за лицата со интелектуална попреченост, за нивната хуманост и благородност кои се секако за почит – рече Спасов.