Социјалната помош не помага, живееме од контејнери!

Од:

Во изјавата, таткото на неколку деца зборува за ужасните услови во коишто се принидени да живеат неговото семејство, но и повеќе други, под картони и кеси, на половина километар од центарот на главниот град, рече еден од граѓаните со кои се сретна денеска претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, при посетата на социјално загрозени семејства кои живеат во импровизирани живеалишта под Кале.

Тој вели дека само едно од неговите деца оди на училиште, бидејки другите нема услови да ги пушти. Дел од луѓето таму воопшто и не примаат социјална помош, но и тие кои примаат не можат да живеат од неа. Егсистенцијата ја обезбедуваат по контејнери и продавајки шишиња и хартии. Струја обезбедуваат преку најблиските бандери, за вода одат со бокали по 3 километри пешки, која стои потоа на отворено на пеколните летни температури.

Државата може да помогне, да обезбеди сместување на луѓето и да се зголеми социјалната помош. Бараме да се зголеми. Она зголемување не помага, вели во изјавата овој граѓанин.

Би можело да ве интересира

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

Постара жена исфрлена на улица од семејството, десет дена живее во хорор-барака во Охрид

Жарко Настоски

Две малолетни сестри питаат боси по велешките улици за да однесат млеко за бебето Метин, неискапено со месеци

Габриела Димковиќ-Мишевска

Одложен проектот бесплатна услуга одмор и рекреација за децата од социјален ризик

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Создаваме услови граѓаните со социјален ризик да добијат кров над глава

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Молк на институциите по случајот во Аеродром: Секој ден е кобен за браќата и станарите

Ана Василевска